Μακεδονικοί διάλεκτοι στην βόρεια Ελλάδα

8 Ιαν 2015

Парламентарни избори 2015




На 25 јануари ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

Досега меѓу политичките партии кои ќе учествуваат, постојат две нови:

Реката, кои учествуваа во последните европски избори 2014 и Движењето на социјалистички демократи“ основана пред неколку дена, на Г. Папандреу. Ниту една од овие две партии немаат никакви референци за малцинствата во Грција.
Од старите партии, единствени со препораки за правата на малцинствата во својата програма се "Либералната алијанса", со кој претседава Гр. Валианатос и "Акција", партијата основана од Ст. Манос.

Ниту една друга партија не ги споменува малцинствата, особено на религиозни муслимани во В. Тракија, што е консеквентно со Договорот од Лозана, кој е билатерален договор помеѓу Грција и Турција: со овој договор се уредуваат прашањата покренати од страна на размена на населението, во овие две земји, во 1923 година.

Во никој случај, сепак, овој договор не може да се смета како регулаторен за прашања од национален, јазичен, културен или верски малцинства што постојат во Грција. Многу често, всушност, Договорот од Лозана не соодветно се спроведува од страна на грчките власти, дури и за муслиманско- турското малцинство во Западна Тракија !!!

Дилемата на секој Македонец на следните избори треба да се рефлектира во поддршка кон било која партија, која е идеолошки поблиску до неговите / нејзините политички ставови, за избор на партија која ќе биде посветена на поддршка на правата на Македонската заедница, како и правата на сите малцинства што постојат во Грција.

Многу демократски партии, особено на централно-левата страна, зборуват за демократија, еднаквост на сите граѓани, дека се еднакви пред законот, право на индивидуална самоопределба, човековите права, но ниту една не се обврзува дека доколку стане  влада или ќе биде вклучена во владината коалиција, ќе продолжи со активности за да се ратификува Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства, кој Грција го потпиша на 22 септември 1997 година, кон потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици. Овие договори се основа на сите права на националните малцинства и заедници во Европа!

Македонците федералисти веруваат дека дојде време гласот на секој Македонец да се смета/вбројува ија има вредноста која ја заслужува. Ние нема да им ги понудиме нашите гласови на ниту една грчка партија која нема јасно да се посвети на прашањето за потпишување и ратификација на Европската конвенција за регионални или малцински јазици и ратификација од парламентот на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на на националните малцинства!

Како грчки граѓани, имаме право на глас, но како Македонци ние немаме апсолутно никакви законски загарантирани права! Сега е време да годадеме нашиот глас во корист на изборите но, не само како грчки граѓани туку како Македонска заедница и да гласаме со поддршка само кон партиите кои ќе бидат посветени да го прифатат ова наше барање.

Ако не постои таква партија, не треба да влегуваме во неволјата на гласањето за да гласаме ... Нека сите други грчки граѓани одлучуваат за судбината на оваа држава која упорно одбива да го признае нашето постоење и секој политичар ни посветува внимание само за време на изборините кампањи, ветувајќи лични услуги, вообичаено ... "rusfetia" (политички услуги)!

Дозволете ни бидеме гласни ... дури и со своето отсуство, овој пат!

http://macedoniansfederalists.forumup.gr/viewtopic.php?t=16&mforum=macedoniansfederalists  

1 σχόλιο:

Ανώνυμος είπε...

Η σημαία θυμίζει Βόρειο και Νότιο Βιετνάμ